речник контакт

Општа Болница од Велес со сертификат за акредитација

Во велешката Болница оценувани се 602 критериуми

Петар Печков

Велешката Болница е првата  Општа Болница од земјава која доби  сертификат за акредитација. Досега во Македонија девет здравствени институции добиле ваков документ, од страна  на   Владината Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи.

За пациентите ова се по стандардизирани услуги, по организирана работа, бидејќи ова  е процес, кој треба да ги среди сите внатрешни процеси во една болница за подобрување на квалитетот на здравствена заштита.   Ова е голем успех за Вашата Болница оти е мошне тешко да се спремат  Општите Болници кои имаат сложени  процеси и многу вработени и различен спектар на здравствени услуги. Со ова надворешно оценување се дава стимул  за реализација на напишаните процедури. Акредитацијата е заслуга  на сите  – изјави проф. др. Елизабета Зисовска директор на Агенцијата    квалитет и акредитација на здравствени установи.

Во случајот со Општата Болница во Велес се оценувале 602 критериуми, процеси кои се оценети и тоа со помош на софтвер, за да се исклучи субјективноста.   Акредитација се добива на една, три и пет  години. Во случајот со велешката таа доби на една година.   

Како нов директор во Болницата, кога дојдов, си поставив задача освен што ќе треба да се реновира, да се опреми со нова апаратура, да се вработуваат нови здравствени работници, да се испратат докторите  на едукација, потребно е да  се подобрува целокупното работење на   сите во Болницата за да добиеме задоволен пациент. Ова  беше наш прв голем чекор   во таа цел – изјави директорот Атанас Василев.   

Тој изрази голема  благодарност зад тимовите на доктори, кои работеле долго и истрајно, три години за добивање на  овој документ и повисок квалитет.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »