речник контакт

Општина Велес прва доби сертификат во регионот за безбедност на податоците

Цела година општинската администрација работела на добивањето на овој документ, со кој е лидер во регионот

Петар Печков

Во Ликовниот салон свеченото беше  доделен  сертификатот ИСО 27001 на Општина Велес. ИСО 27001:2005 е сертификат за управување со безбедност на информации, а Општина Велес е прва општина во Македонија и пошироко, која ги исполнува условите за добивање на истиот. Целата општинска администрација една година работела на добивањето на овој документ, што е доказ за нејзиниот квалитет и посветеност во работата рече градоначалникот Чадиев.

Горд на своите соработници, горд на сите оние кои неуморно го дадоа и го даваат својот придонес за овој процес да го завршиме успешно. Горд сум затоа што со имплементацијата на овој стандард Општина Велес е првата општина во Република Македонија, но и првата општина во пошироки регионални размери која од денес натаму го поседува овој сертификат. Посебно радува фактот што вложените напори во текот на подготовката за имплементација на стандардот, самата негова имплементација, а се надевам и неговото потврдување во наредните години, дадоа  резултат – рече  Чадиев.

Со добивањето на овој документ локалната власт  презема одговорност во делот на безбедното управување со информациите и услугите - создава услови за континуирано подобрување на  услуги кон граѓаните и бизнис заедницата,  создава обучен и многу свесен работен кадар со јасно дефинирани улоги и одговорност. Многу е поважно што граѓаните добиваат со овој стандард - целосен интегритет на личните податоци, што значи дека истите не може да се менуваат без тоа да биде евидентирано,    достапност на информациите тогаш кога е тоа потребно. На овој начин граѓаните добиваат брзи, квалитетни и секогаш достапни информации.

Ова е голем успех за општина Велес но и за тимот кој работеше на негова имплементација затоа што ќе придонесе кон обезбедување на брзи, квалитетни и секогаш достапни информации до граѓаните и обезбедува безбедност на информациите – рече Нил Баум технички директор на ИНИ од Белград  со чија помош овој сертификат беше изработен.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »