речник контакт

Општина Велес до Владата пријавила долг од 91,35 милиони денари, половина пари Владата ќе ги врати

Локалната власт на ЈКП Дерен му должи 79.733.568 денари. Најголем должник од училиштата е Гимназијата, па ОУ Васил Главинов. ОУ ,,Благој Кирков, ОУ ,,Рајко Жинзифов од Горно Оризари, ОМУ „Стефан Гајдов“ и Средното Економско ,,Јовче Тесличков,, се без долгови.

Петар Печков

Општина Велес и нејзините институции чиј основач е,  на Владата и пријавиле долг од   91.355.625 денари. Според најавите 51 отсто од долгот Владата ќе го врати.  Општина Велес од без малку три милиони евра колку што имаше на почетокот на мандатот на актуелниот градоначалник Коцевски,  моментално имала  долг од  79.733.568 денари. Сите кон ЈКП Дервен.

Очекувам ЈКП Дерен сериозно да проучи каде и како да ги искористи овие средства, каде да ги вложи. Моја препорака е да набават нов озонатор во фабриката за вода во филтер станицата, оти состојбата е алармантна. Тој чини 200 илјади евра, а постојниот не е во најдобра состојба  за да не се случи хаварија   а со набавка на нов,  граѓаните ќе добиваат континуирано здрава и чиста вода за пиење. Со останатите пари нека набават нова опрема со која ќе ги подобрат квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните - порача Коцевски.        

 Кај училиштата долг долговите се за превоз и греење.  ОСУ „Димитрија Чуповски“ должел  650.851 денар,  ОСУ Гимназија „Кочо Рацин“  5.362.299 денари, ООУ „Васил Главинов“ 3.786.643 денари, ООУ „Св. Кирил и Методиј“  560.000 денари, ООУ „Јордан Хаџи Констанинов Џинот“ -1.022.086 денари, ООУ „Стојан Бурчевски-Буридан“ 40.270 денари, а ООУ „Блаже Конески“ должи 199.908 денари. ООУ ,,Благој Кирков, ООУ ,,Рајко Жинзифов од Горно Оризари, ОМУ „Стефан Гајдов“ и  Средното Економско ,,Јовче Тесличков,, се без долгови. 

Иако средното училиште ,,Коле Неделковски,, не пријавило долг, кај него книговодствено имало 9 милиони денари. Од тие средства според градоначалникот нема да може да бидат вратени 51% колку што Владата ќе враќа. 

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »