речник контакт

Општина Градско се чисти од диви депонии

Минатиот викенд собрани 40 метри кубни отпад - Општина Градско без отпад

Петар Печков

Општина Градско се чисти од дивите депонии. Во два наврати изминатиот период на повеќе локации во општината се  изведе еко акција за чистење на диви депонии на територијата на општината.

Претходниот викенд  се работеше на чистење на околината на  рекреативниот центар езеро  Подлес , регионалниот пат Градско - Велес,  паркингот кај село   Виничани, Ногаевци, ХИВ и Кочилари. При тоа за текот на двата  часа работа собрани биле 40 метри кубни отпад.

Во акцијата учестувале општинската администрација и вработените во тамошното ЈКП - Клепа. Претходна ваква  акција имало на крајот од  месец јануари, тогаш  се работело во населбата Градско и околината. 

Следната aкција е во село Водоварти, каде градоначалникoт Роберет Бешовски најавува и поставување на контејнери и делење на канти за смет а ќе се започне и со организирано собирање и транспортирање на отпадот од селото.  

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »