речник контакт

Општина Чашка прва општина во Македонија, која ќе биде со комплетен адресен регистар во сите населени места

Taблите се на македоснки, на албански –како јазик кој го говири повеќе од 25 отсто од населението во општината и на англиски

Петар Печков


Денес, во село Мелница, Општина Чашка, започна последната фаза од проектот кој предвидува поставување на метални табли со соодветен куќен број и име на улица, во сите населени места од Општина Чашка. Taблите се на македоснки, на албански –како јазик кој го говири повеќе од 25 отсто од населението во општината и на англиски.

„Во наредните неколку месеци тимовите од општина Чашка ќе ги посетат сите куќа во 41населено место во нашата општина каде што ќе бидат поставени вкупно 4783 куќни броеви,214 имиња на улици и 5 табли за инфраструктурни објекти -паркови, мостови и плоштади. Со ова Општина Чашка е прва во Македоноја која ќе има комплетен регистар на сите населени места“ – кажа градоначалникота на Чашка, Горан Стојановски.

Адресен регистар за општина Чашка е проект кој се работеше измитате две години финансиран и поддржан од Шведската развојна организација во соработка со Шведска агенција за катастар и Агенција за катастар на недвижности во Македонија.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »