речник контакт

Општина продава 13 парцели за куќи на езеро Младост

Почетната цена е 283 ден за м2. Досега се продадени 30 парцели

Петар Печков

По пат на електронско наддавање Општина Велес ги продава преостанати 13  плаца, од населбата лоцирана покрај езеро Младост.  Почетната цена е 283 ден за м2 со површина на градежна парцела  која се движи  од 586 м2   до 1.059 м2. катност а е П+1.

Отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес. Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија.

Право на учество на јавното наддавање имаат физички и правни лица, државјани на Македонија и странци. Пријавите за учество на електронското јавно се доставуваат до 26 септември годинава.  

Наддавањето се врши “чекорно” со зголемување на вредноста со секој “чекор” не помалку од 30,00 денари. Учесникот на јавното наддавање кој понудил најголема цена се стекнува со статусот најповолен понудувач.

Во цената на градежното земјиште не е вклучен надоместокот за уредување на градежното земјиште.  Продажбата е закажана за 28 септември.  Досега се продадени 30 парцели на истата локација.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »