речник контакт

Општинските инспекции на леееетен одмор

Попусти се поплаките на жителите на улица Ленинова за узурпацијата на тротоарат од страна на пиљарата „Сандра“ кога надлежните општински институции се кријат во канцеларии, на ладно.

Петар Печков

Попусти се поплаките на жителите на улица Ленинова за узурпацијата на тротоарат од страна на пиљарата „Сандра“ кога надлежните општински институции се кријат во канцеларии, на ладно.

Тие никако да постапат по реакциите на жителите кои цело лето кои се оневозможени да го користат тротоарот кој видно е узурпиран со тезга. Иако за некој ден тој треба да биде користен од децата ученици, очигледно дека тие ќе треба да одат по улица за да сопственикот може намира да продава. На ваквата состојба реагирала сообраќајната полиција, но дрскиот газда им покажал решени од надлежнатите општинари со кое му се дозволува да поставува тезги.

Прашањето кое го поставуваат минувачите како е можно на тротоар од само еден метар да се даде дозвола да се користи дел од него, кога истиот е дел од  фрекфентна улциа каде нема пешаците можност да минуваат. Одговор нема а почетокот на учебната година се ближи. Поплаките се примени но реакција на службите нема.Можеби чекаат бостанто да презрее, праските да завршат, грозјето да се продаде. Но тогаш ќе се понуиди друго сезонско овочје, кое исто така ќе го узурпира тротоарот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »