речник контакт

Општинско признание за Виктор Мазнев

Тој досега успеал да им го подобри животот на 900 бездомни животни

Петар Печков

Велес ги има своите херои кои не се грижат само за благосостојбата на граѓаните туку и за благосостојбата на животните. Виктор Мазнев седум години работи на полето на правата на животните. Само во последните 4 месеци, Мазнев успеа да вдоми 50 бездомни улични кучиња во странство, а во текот на 2019 година, вкупно вдоми 100 кучиња и им обезбеди подобар живот во соодветни услови.

Овој исклучителен велешанец,  досега успеал да им го подобри животот на  900 бездомни животни. Тој е пример за секој од нас, дека кога се има доволно љубов и посветеност, се е возможно. Во името на оние 900 души што не умеат да кажат благодарам со зборови и кои денес секој ден го поминуваат со радост и сјај во очите наместо да талкаат  гладни по улиците, Општина Велес на Виктор Мазнев му ја додели наградата за најуспешен активист за правата на животните во 2019 година. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »