речник контакт

Орце Вецов и Дејан Петрушев со помош за Милош, јунакот на нашето време (фото)

Секоја година кога скокавме си велевме, ако го фатиме крстот, ќе помагаме каде треба

Петар Печков

Двајца велешани, кои годинава учествуваа во фаќањето на крстот за Богојавление во Велес, решија со дел од собраните средства, по фаќањето на крстот,  да му помогнат на деветгодишниот Милош   од село Живиње скопско. 

Дејан Петрушев  кој го фати крстот и Орце Весов кој скокаше заедно со него, викендов го посетија Милош и донираа покуќнина, апарати, алишта, храна.  

Со Дејан секоја година кога скокавме си велевме, ако го фатиме крстот, ќе помагаме каде треба. Еве годинава се случи тоа и нашето ветување, дадено пред самити себе моравме да го исполниме. Кога прочитавме за малиот Милош, знаевме дека нему треба да се помогне - вели Орце. 

Така и биднало, со дел со апаратура која била користена но функционална.  Донирале електричен шпорет, фрижидер, машина за алишта, телевизор, биро, комода, тепих, регал, прибор за храна, облека. Купиле училиштен прибор, прибор за лична хигиена, храна. Кога камиончето товарено од Велес стигнало во дворот на Трајановски, на радоста и немало крај. Среќни биле сите, посебно Милош.

Балонот со Супермен беше негова лична желба, подарок на кој најмногу се израдува.   Тоа можеше да се види од насмевката на лицето која беше присутна, додека бевме таму. Дури неговото срце биеше толку силно што се чувствуваше на неговите мали детски гради. На радоста и немаше крај -вели Дејан.

Семејството Трајановски од село Живиње, 30 км. од Скопје,  живее во супстандардни услови, со ниски примања а Милош има вродена срцева маана.   Тој до училиште патува и по еден час.  

АНКЕТА »

Дали честите акциски контроли на сообраќајната полиција, изминатите два месеци, воведоа ред во однесувањето на возачите и пешаците?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »