речник контакт

Осетно се зголеми бројот на лица во изолација во велешко

Минатата ноќ нема лица кои се движеле во време на полициски час

Петар Печков

Осетно се зголемува бројот на жители од општината во изолација, откако за два дена 9 лица беа заразени со квоид-19. 

Во овој период има 43 нови регистрирани лица со Решенија за изолација, сите се од Велес, а со Изјава за самоизолација има пет нови лица, исто така  сите се од Велес. Вкупно со Решение во изолација има  110 во Велес, а со Изјава за самоизолација има вкупно 46 во Велес- информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.  За потсетување дека во понеделникот во Велес беа 75 (110 вчера)  лица во изолација  и 46 во самоизолација ( вчера43).                           

Од страна на полициски службеници извршени биле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки, дополни Додевски.  .Изминатата вечер во Велес полицијата  нема регистрирано граѓани кои не ја почитувале забраната за движење за време на полицискиот час.    

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »