речник контакт

Ослободителна пресуда за лажна изјава кон Фондот за здравство

Андовски во борбата поединецот против системот, докажа дека е невин

Петар Печков

Ослободителна пресуда за педесет и едно годишниот Миле Андовски изрече велешкиот суд откако утврди дека тој не е виновен за кривичното дело за дадена лажна изјава за остварени приходи и нанесена штета на Фондот за здравствено осигурување

Имено тој за да обезбеди бесплатно здравствено осигурување за себе и за семејството, пред три години, во подрачната единица на Фондот пополнил изјава за остварени приходи во која навел дека во 2011 година не остварил приход поголем од 96 илјади денари. Но во изјавата не го навел остварениот приход на неговата сопруга од 136 илјади денари. Андовски не знаел дека во формуларот треба да се наведат личните приходи на сите членови од неговото семејство.

Тоа не му го кажал ниту вработениот на шалтерот каде Андовски го поднесувал документот. Кога го прашал кои податоци треба да се внесат во изјавата вработениот му одговорил да ги внесе како што е напишано на формуларот, без да му каже дека задолжително треба да се внесат податоците за остварените приходи и на останатите членови од семејството. Андовски ги внел само своите податоци бидејќи во писмената изјава немало дополнителна колона за приходите на другите членови од семејството.

Судот ваква пресуда донел откако утврдил дека изјавата за остварени приходи не е исправа со невистинита содржина и дека обвинетиот тоа не го сторил намерно.

 Фондот во Велес поднел околу илјада пријави за лажна изјава за остварени приходи и нанесена штета на Фондот за здравствено осигурување

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »