речник контакт

Ослободување на окупираните зелени површини од кафетериите

Градоначалникот Чадиев најавува ред во хаосот со поставување урбана опрема

Петар Печков

    Локалната власт најавува  враќање на окупираните зелени површини на улицата Благој Ѓорев, нелегално освоени од дел од сопствениците на кафетериите.  Завршувањето на летната сезона, крајот на септември е рокот до кога нелегално  поставената урбана опрема треба да се врати.  Откако половина година станарите реагираа на ваквата состојба, општинските власти конечно се решија  да воведат ред.

Согласно елаборатите во иднина не е предвидено на зелените површини  да има поставено урбана  опрема.   Со сопствениците на кафетериите е договорено тие да се повлечат од таму и таа да се обнови. Седнав со сопствениците разговаравме и заеднички се договоривме – изјави Славчо Чадиев градоначалник на Велес.   

Кога во месец  март ТРМР ја отвори оваа проблематика, со узурпираните зелени површини од страна на угостителите,   од локалната власт -  одделение за урбанизам тогаш изјавија  дека ниту една кафетерија нема добиено дозвола да поставува урбана опрема, маси и столови на земјените површини и дека надлежната инспекција може да ги санкционира овие незаконски работи а ЈКП Дервен  може и треба да го зазелени освоениот простор.

Од ЈКП Дервен на прашањето зошто не го зазеленуваат просторот пак информираа дека просторот каде  кафулињата имаат поставено угостителска опрема ,масички и столчиња, не е во надлежност на ЈКП Дервен и не е во склоп на Програмата за обнова на зелени површини.  И додека  локалана власт и ЈКП Дервен си ја префрлаа топката,  се уништија дел од зелените површини.  Станарите од зградите  на улица Благој Ѓорев со право реагираат но и очекуваат дека конечно ќе се стави ред.

До каде стигна непочитување од  угостителите, зборува што зелените површи кои  сами ги засадивме со цвеќиња се уништија.  Ги исекоа и маслинките стари по  20 и кусур години, кои ги засадивме кога се вселивме во становите. Им пречеа, оти немаше да можат маси да постават и ги пресекоа, а ниту една инспекција не реагираше. Баш да видиме дека општината по толку наши поплаки, реакции, петиции,  жалби, ќе го реализира ова нивно ветување за воведување ред. Нема простор децата каде да си играат   – велат станарите.

Тие во петицијата доставена  до општината   пролетва напишаа дека  дел од сопствениците на кафе баровите, надвор од сите законски прописи ги узурпираа пешачките патеки, па така тие  немаат пристап до  влезовите за нивните домови. Други пак ги присвоија слободните зелени површини и на нив поставија маси и столови, теписони. На овој начин станарите се спречени во слободното движење до домови. Овој проблем  на локацијата спроти Гимназија е присутен со години, но ниту една локалана власт не успеа да излезе на крај со него и да се почитуваат законските решенија.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »