речник контакт

Осмо одделенците се запишаа, а во прва празни места има уште толку

Запишани се 600 ученици во прва година а слободни места има за 1120 ученици. Што со толку слободни места?

Петар Печков

Во прва година во средните училишта во Велес заврши првиот уписен рок. Се пополни единствено паралелка за медицински сестри во Хемиското, се друго е  до пола пополнето.

Во Коле Неделковски  во 10 паралелки од 340 ученика запишани се 181. Во Гимназијата Кочо Рацин  од 272 места на македонски пополнети се 154 а во албанската запишани се 15 ученици. Во Економското Јовче Тесличков има место за 204 ученика во 6 паралелки а запишани се 105 ученици. Во Хемиското Димитрија Чуповски во 8 паралелки во прва година има слободни 306 места а запишани се 145 од кои целосно е пополнета паралелката за медицински сестри.

Со предвидената уписна политика во четирите средни училишта во градот треба да се запишат 1120  ученици а бројката на завршени во велешко е 529.  Евидентно е дека во првиот круг се запишале деца и од соседните општини, оти има 600 нови ученици во прва година.  Но  што натаму, како да  се пополни предвидениот број на паралелки. 

Очигледно дека Советот на општината  ќе има полни раце работа, ќе треба да дава согласност за формирање на паралелки под законскиот минимум од 25 ученика во клас или пак ќе се редуцира бројот на паралелки во секое средно училиште, што отвора проблем со пополнување на  потребниот фонд на часовите на наставниците. Летото ќе биде жешко за просветарите во Велес. Второто пријавување од јунскиот уписен рок  е  на 1 и 2 јули. Пријавувањето и запишување на учениците во августовскиот рок  ќе се изврши на 22 август.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »