речник контакт

Основец од населба Чашка крадел од компјутерите во училиштето

Украдените три лап-топи и рутерот се пронајдени кај малолетникот

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес до Основно јавно обвинителство Велес поднесе посебен извештај кон тринаесетгодишен малолетник од Чашка - ученик во основното општинско училиште Тодор Јанев во Чашка, поради основано сомнение дека сторил две кривични дела Тешка кражба, со што предизвикал вкупна материјална штета од 44 000 денари.

Ноќта на  27.04.2010 година осомничениот малолетник се упатил кон училиштето Тодор Јанев во Чашка и  влегол преку прозорот, кој претходниот ден со намера да изврши кражба, го оставил подотворен. Насилно отворил еден од орманите и одзел три мини лап-топ компјутери, по што повторно преку прозорот излегол од училиштето.

На ден 23.11.2010 година, малолетникот повторно на истиот начин, односно преку подотворен прозорец влегол во една од училниците од училиштето од каде одзел еден рутер кој служи за интернет поврзување на компјутерите.

На ден 26.11.2010 година во просториите на Секторот за внатрешни работи Велес во присуство на родител и адвокат разговарано е со малолетникот кај кого се пронајдени украдените предмети. Истите се одземени и вратени на училиштето.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »