речник контакт

Основниот суд Велес бара поротници

Бројката е 50 а новина е што тие треба да имаат високо образование

Петар Печков

Основен суд Велес објави оглас за избор на 50 судии- поротници. Кандидатот за судија -поротник потребно е да ги исполнува условите предвидени во Законот за судовите  и тоа:  да е полнолетен државјанин на Република Македонија,  да има завршено најмалку високо образование,  активно да го владее македонскиот јазик,  да ужива углед за вршење на функцијата судија –поротник, да не е постар од 64 години и  да поседува интегритет и социјални способности за вршење на функцијата судија- поротник.

За судење на малолетници се избира кандидат од редот на лица со искуство во воспитанието и образованието на младите. За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РМ е во сродство во права линија или во странична линија до трети степен или е негов брачен другар.

Пријавите се поднесуваат до 15-ти септември.  Кандидатите за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите ќе бидат упатени на полагање психолошки тест и тест за интегритет кои ќе ги спроведе Судскиот совет на Република Македонија. Трошоците за полагање се  на товар на кандидатот.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »