речник контакт

Осудени поранешни директори на Повардарие од Неготино оти не плаќале акцизи

Во Основниот суд во Велес нив поради даночно затајување, им е конфискуван и дел од имотот

Петар Печков

Двајца поранешни директори на Винарска визба Повардарие од Неготино во Основниот суд во Велес  се прогласени за виновни за даночно затајување.  Во новата пресуда, која доаѓа откако Апелација го врати  предметот на повторно судење, освен казна затвор нив им е конфискуван и дел  од имотот, додека висината на затворските казни остануваат исти.  

Љубомир Аневски  генерален директор на Повардарие Винарска визба Неготино од 2006-тата доби 4 години затвор, 4 илјади евра парична  казна и му се конфискува имот во висна  од 15 милиони денари, додека  на Димитар Котевски кој бил генерален директор на почетокот од 2007-та  му е изречена  условна казна  затвор од шест месеци ако не стори друго кривично дело во период од две години, парична казна од 500 евра и му се конфискува имот во висина од  83 илјади денари.

За трето обвинетиот во овој  предмет М.Д.  обвинителството го повлече обвинението. Според обвинението Аневски  во временскиот период од 17.04.2006 година до 15.12.2006 година со намера да одбегне делумно плаќање на данок, дал лажни податоци за утврдување на износот на даночните обврски.  

Иако имал обврска за испорачаната количина на вински дестилат на правните лица да пресмета акциза, тоа не било прикажано во даночните пријави кои биле поднесени во Управа за јавни приходи, со што вкупната непресметана даночна обврска била  во висина од 15 милиони денари. 

На Аневски му се суди во отсуство, оти тој живее во САД. Димитар  Котевски  на  почетокот од  2007 година  како генерален директор на Повардарие  Винарска визба, со намера да одбегне делумно плаќање на данок на што е обврзан со закон,  не пресметал даночна обврска за акциза  од  83 илјади  денари.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »