речник контакт

Осум нови спортови на Олимпијадата во Токио 2020

Во Токио за четири години ќе се игра и софтбол/безбол, сурфање, куглање, карате, ролер-спортови, спортско искачување, сквош, сурфање и кинеската боречка вештина вушу.

Петар Печков

Осумте спортови/федерации кои влегоа на листата на Олимписките игри во Токио 2020 се: софтбол/безбол, сурфање, куглање, карате, ролер-спортови, спортско искачување, сквош, сурфање и кинеската боречка вештина вушу.

Дури 18 спортови не влегоа на оваа листа: воздушни спортови, американски фудбал, боулс, бриџ, шах, денс-спортови, флорбол, фризби, корфбол, нетбол, ориентација, поло, ракетбол, снукер, сумо, влечење јаже, подводни спортови и скијање на вода.

Осумте федерации кои се прифатени сега влегуваат во втората етапа од процесот на апликација, во кој се вклучува давање дополнителни детали.

Како дел од пакетот реформи на новиот претседател на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах минатата година, Олимпијадите имаат шанса да додадат еден или повеќе спортови за зголемување на рејтингот и спонзорството.

За фаворити се сметаат безболот и софтболот, „обединети“ преку Светската безбол и софтбол федерација (ВБСЦ), кои беа дел од редовната олимписка програма до Пекинг 2008

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »