речник контакт

Отворена Пошта во населба Тунел (фото)

Таа е петта на ЈП Македонски пошти во Велес, ќе ја користат околу 6 илјади граѓани

Петар Печков

Во населбата Тунел, спроти Бензинската  кај социјалните згради, започна да работи нова испостава на  Македонски пошти.  Иако зградата, која е во сопственост на  ЈП Македонски Пошти, подолго време беше некористена, таа дури сега доби намена.  

Ова е Пошта бр. 1.404 објект каде  ќе се извршуваат сите универзални работи од работењето на Македонски пошти.  Тоа се платен промет, банкарски услуги, писмоносни услуги. Отворен е по барање на граѓаните кои живеат подалеку до центарот и имаа потреба од ваков вид услуги – изјави Виолета Малчева  директорка на подружница  Македонски Пошти –Велес.    

Работно време  на оваа Пошта е со  од 8 до 16 ч.  од понеделник до  петок со тоа што од раководството најавуваат дека во зависност од потребите работното време може да  се  менува. Вработените кои  се тука ангажирани се дел од постојните во ЈП Македонски пошти.   Се проценува дека ќе биде од корист за околу шест илјади жители од овој дел на градот, како и на тие од населба Превалец. 

На територијата на  општина Велс има 13   единици, од кои пет се во градот, Центар, кај пазариште, кај Здружение на возачи, во Трговски и новата  во населба Тунел.  Во населените места има во Горно Јаболчиште, Чашка, Градско, Иванковци,  Горно Оризари, Извор, Богомила и  Башино село. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »