речник контакт

Отворена изложбата ,,Древниот сон,, на Тони Чатлески

На неа се изложени 18 дела масло и акрил на платно и комбинирана техника

Петар Печков

Во Ликовниот салон вчеравечер  беше отворена изложбата  ,,Древниот сон,, на академскиот сликар Тони Чатлески. Авторот се претставува со  18 дела масло и акрил на платно и комбинирана техника. Авторот, завршил Факултет за ликовни уметности во Скопје - отсек сликарство.

Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, доброто и злото, човечното и нечовечното, додека филозофијата за сопственото постоење и живот е пренесена на надреалноста на сонот - кажа Елица  Николова, историчар на уметноста.

Чатлески а овој циклус го работел  три години, од крајот на 2013 година, а го завршил во 2016 година, и се состои од 91 дело. 

Потрагата на уметникот за смислата на животот е потрагата за вечниот живот. Со секој нов живот создаваме  вечен човеков живот. Контактот меѓу минатото, сегашноста и иднината го  правиме преку сонот. Во него можеме да се најдеме и сочувствуваме со нашите предци и со идните генерации. Така преку тој сон можеме да го доловиме тој вечен  живот- објасни  Чатлески. Авторот додаде дека моментално работи на својот нов сликарски циклус насловен Животот е бајка. 

Изложбата ,,Древниот сон,,  ред велешката публика беше во рамките на „Европските денови на културното наследство 2019“ и на Чатлески  во Велес му е второ самостојно претставување.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »