Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јуни 2026
Националната универзитетска библиотека „Климент Охридски“ од Скопје отвори изложба во чест на Коста Солев. Пред јавноста се поставени дел од оригиналите на дела на поетот Рацин како и дел од публикациите посветени на него. Истите се сопственост на НУБ.
„Кочо Рацин во време на Втората светска војна е нераскинливо врзан со нашата институција, тогашната Народна библиотека. Во просториите на Библиотеката, директорот Георги Шоптрајанов го криел Кочо повеќе месеци од фашистичките агенти“ – соопштија од институцијата.
Покрај тоа што Кочо се криел во Библиотеката бил и голем љубител на книгата и на пишаниот збор, и често земал да прочита книга.
Изложбата може да се погледне секој работен ден од 9 до 17 часот, и ќе биде отворена за јавноста до крајот на работната седмица, до петок 19 јуни.
фото: НУБ „Климент Охридски“ Скопје
| Tweet |






