речник контакт

Отворена изложба на Филип Коруновски

Пред велешката публика се нaјдоа 30 тина дела во повеќе техники на помладиот уметник Коруновски, негова прва самостојна изложба

Петар Печков

Во Ликовниoт салон отоврена е изложбата ,,Урбана синтеза,, на ликовниот уметник Филип Коруновски од Велес.  Ова е прва самостојна изложба на младиот уметник, кој досега има учествувано во повеќе групни ликовни изложби и колонии. Пред велешката публика се претстави со 30-тина дела, цртежи, слики, графики, колажи.

Сликарството на Коруновски е во допир со голем број правци на современата уметности, кој тој ги спојува со голема инвентивност. Во создавањето на делата се користени природни и синтетички материјали, со сензибилнсот при користењето на колоритот, кој е богат и силен.

Изложбата ќе биде отворена десетина дена.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »