речник контакт

Отворена изложба на сликарот Војко Јаневски

На изложбата се претставени 30-тина акварели од последниот десетгодишен опус на велешкиот академски уметник Војко Јаневски

Петар Печков

Во Ликовниот салон во Велес  отворена  e изложба на акварели посветена на 100-годишнината од раѓањето на Љубомир Белогаски и 20 години од отворањето на галеријата посветена на овој ликовен уметник. На изложбата се претставени 30-тина акварели од последниот десетгодишен опус на велешкиот академски уметник Војко Јаневски, а која првично беше отворена во Галаријата посветена на Љубомир Белогаски при Музејот на Град Скопје.

Со изложбата на акварели од авторот Војко Јаневски заврши Програмата „Во чест на Љубомир Белогаски‘‘, врвениот мајстор на акварел. Во изминатата година, заклучно со март беа планирани и реализирани седум самостојни изложби од седум македонски автори кои работат во ликовната дисциплина акварел, потсети Љубица Саздова Кондијанова директор на Музејот на Град Скопје на отворањето на синоќешната изложба во Велес.

Таа потсети дека акварелот  е една од најтешките техники во сликарставото затоа што се се прави со еден потег на четкичката и нема поправки и корекции.

 Во делата на Јаневским има пејсажи од Велес и Велешко, а  доминира водата од  реката Вардар, на езерото „Младост‘‘ и други нему омилени локации кои ги претставил на своите акварели. За акварелот треба вешта рака, добро око и добро срце за сите оние чувства кои ги доживува авторот да ги претстави на своите пејсажи, а тоа добро умее да го направи академскиот уметник Војко Јаневски, потенцира Саздова Кондијанова.

 За Јаневски ова негова 21 изложба.

 Мој професор во прва година на Академијата за ликовни уметности беше Љубомиор Белогаски. Главно што и јас се вклучив со ваква изложба е акварелот, со кој  со години работам, рече Јаневски.

Војко Јаневски има завршено Академија за ликовни уметности, вајарски отсек во Загреб  во 1968 година. Тој  43 години твори како скулптор, а изработува и цртежи, слики масло на платно и керамика. Учествувал на повеќе од 200 групни изложби и на 20 ликовни колониии во земјава и во странство. Добитник  е на десетина домашни и награди од поранешните југословенски републики.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »