речник контакт

Отворена изложба на цртеж “Скици 2017“

Делата се на автори од Куманово, работени во различни техники

Петар Печков

Вчеравечер, четврток,  во Ликовен салон Велес,  беше  отворена биеналната изложба на цртеж “Скици 2017“. Изложбата е во организација и координација со НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев - Куманово. Изложбата содржи 15 цртежи работени во повеќе ликовни техники. 

Идејата на ова седмо издание на  изложбата е да се промовира цртежот. Целна група беа акдемските сликари од Куманово, годинава вклучивме  графичари и скулптори. Делата се работени за некои проекти на уметниците, цртежот е појдована основа која еволуира, скица, база  за подоцна да направат дело. Тие на оваа изложба се третирани, не како скции, туку како независно уметничко дело и потоа овие скции им ги враќаме - рече  Роберт Цветковски, историчар на уметноста. 

Делата се работени во акварел, молив, туш, акрил. 

Учеството на 15-те автори, овозможува широк дијапазон, различни приоди и токму оваа различност дава динамика, разиграност, варијабилност на целокупната  концепција на изложбата - рече Анита Василкова Мидоска  в.д директор на велешки музеј. Изложбата ќе биде отворена следните две седмици.  

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »