речник контакт

Отворена изложба ,,Женски муабети,, на Гордана Винчиќ

На изложбата се поставени 40-тина дела работени во техника јаглен и акрил

Петар Печков

Во Ликовен салон Велес, вчеравечер беше  отворена  изложба  на слики ,,Женски муабети,, на  Гордана Винчиќ, академски сликар  од Скопје. На изложбата се поставени 40-тина дела работени во техника јаглен и акрил. 

Дел од нив се  во поставка ,,емотивна азбука,, која е нејзина последна колекција.  Со оваа изложба директорката на Музејот Анита Василкова Мидова, кажа дека тие го одбележуваат 18-ти мај, Меѓународен ден на музеите.  

Женската енергија, женскиот  принцип ме влече  да творам, ме инспирира. Таа е архетип на сензуалност, чувствителност и често го одбирам како мотив за моите дела.  Рамките на делата се различни некои и постари, за  да не завршат во некое ѓубре, значи еколошки.  Имам инспирација за женските муабети и од земји каде сум патувала, па тоа сум го поставила како слика.  “Женските муабети” во денешно време потсвесно не асоцираат на дамнешните женски дружби, исполнети со тајни па затоа секогаш ќе привлекуваат љубопитност кај спротивниот пол - рече авторката Винчиќ. 

Нејзините делата на Гордана носат длабока мистичност, носталгичност и надреална симболика. Секое нејзино парче уметност ги поттикнува сетилата, тера на размислување и барање одговори. Авторката преку своите дела ги спојува уметноста и личниот развој, а главниот поттик и е фасцинираноста од потсвесното знаење и мудрост кои сeкoj чoвeк ги носи во себе. Кај набљудувачот сака да предизвика размисли за мистиката на животот, митологијата и симболиката, се со цел достигнување на повисоко ниво на свесност и среќа.

Јас сум непосреден сведок на нејзиното творење. Таа е автор со неуморна жар, неуморна страст да работи, која утрата ги дочекувала со материјалите и четките. Мотив е жената, која е подобна да се претстават палета на емоции. Има на моменти нагласени емоции, друга попитома - рече Игор Љубовчевски, која ја отвори изложбата ,,Женски муабети,,. 

Гордана Винчиќ е родена 1971 во Скопје, а живее и твори во Малме, Шведска. Во 1998 година завршува студии за Социјална работа и политика при реномираниот универзитет Лунд.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »