речник контакт

Отворена фото изложба за животот на Мајка Тереза (фото)

Изложбата е од 50-тина фотографии а поставена е во Библиотеката Гоце Делчев, каде ќе остане следните десетина дена

Петар Печков

Во медиотеката на Библиотеката ,,Гоце Делчев,, отворена е изложба на фотографии од животот на скопјанката Мајка Тереза, родена како Гонџа  Бојаџиу. Таа е единствениот добитник на Нобелова награда на територијата на Македонија. Патувачката  изложбата е насловена,,Мајка Тереза вечниот ангел на милосрдието,,  и поставени се 50-тина фотографии од нејзиниот живот.  

Изложбата е дел од повеќе годишен проект а идејата да го доближиме животниот пат на најпознатата  Скопјанка, Мајка Тереза на граѓаните на Македонија. Дел од жителите ја поосетиле Спомен куќата но  сигурно има и такви кои биле  спречени да ја видат па затоа дојдовме во Велес, да овозможиме што поголем број граѓани да  се запознаат со нејзиниот  пат од Скопје до Калкута и нејзината хуманитарна работа  -  вели  Рената Славковска директор на Спомен куќата на Мајка Тереза. Изложбата е презентирана минатите години и  во Рим и во Софија. 

Фотографиите се дел од фундусот на Спомен куќата на Мајка Тереза, дел се откупени од Ватиканскиот весник,,Опсерваторе Романо,,  дел се откупени од новинската агенција,,Ис њус,,. Опфатен е нејзиниот животен пат од нејзиното раѓање, детство, младоста и животот во Индија - изјави  Цветанка Вучковска комесар на изложбата. Повеќето фотографии се дело на фотографот Звонимир Атлетиќ, хрватски фоторепортер. Изложбата во Велес ќе биде  поставена следните десетина дена.

Организаторите како  изненадување за присутните,  беше настапот на Драган Мијалковски, кој ја отепа поемата ,,Проштевање,, која Мајка Тереза ја создала кога патувала со брод од Даблин за Индија.  

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »