речник контакт

Отворена меѓународна изложба ,,Мост,,

На неа се претставени по 10 автори од Македонија и Турција, со 40-тина дела во различни техники

Петар Печков

 Во Ликовниот салон  во Велес отворена е првата Балканска изложба ,,Мост,,  на која учествуваат по десет автори од Македонија и Турција. Изложени се 40-тина дела во различни техники.

Мостот е синоним за пријателство, за зближување, за соработка.  Оваа наша изложба  е насловена мост, по Камениот во Скопје кој е синоним за  блискоста на два народи, нации,  со различни религии, култури.  На овој начин, преку оваа изложба сакаме да се  покаже уште еднаш соединувачката страна на уметноста  -рече Фехим Хусковиќ организатор на изложбата и еден од авторите учесници.

Таа ќе биде претставена во 10 града во Македонија и исто толку во Турција. Организаторот очекува дека во иднина на ена ќе се приклучат и автори од другите Балкански земји. Изложбата во Велес ќе биде отворена следните 10 дена.

АНКЕТА »

Дали попустите за „Црниот петок“ ги оправдаа очекувањата?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »