речник контакт

Отворени се 49-тите Рацинови средби

Со Беседи за Рацин поетот му оддадоа почитн на поетот и револуционер

Петар Печков

Оваа манифестација трае во континуитет половина век. Живее подолго од физичкото постоење на самиот поет, но никогаш нема да го надживеее неговото дело, затоа што тоа е вечно и безвремено - рече Горан Петров, градоначалникот на Велес, на отварањето на 49-тите Рацинови средби. 


 Со Беседи  за поетот од Иван Џепароски и  Илхами Емин и пораките што тие ги упатија започнаа 49-те Рацинови средби.  Во Велес родниот град на Рацин се собраа македонските но и Балкански поети да му оддадат почит на поетот и револуционер, авторот на антологиската ,,Бели мугри,, .

Големината на Рацин е токму во вредностите што се ткаени во неговата поезија и проза, во светлината на неговите есеи и  студии, посветени на Богомилите, Хегел, Илинден. Неговата величина е влијанието врз оформувањето  и развојот на македонската литература  а со неговото дело непосредно и темелно влијае врз градењето и зацврстувањето на македонскиот јазичен,  книжевен и национален идентитет – рече Иван Џепароски, на отворањето на Рациновите средби.

Претходно беше положено цвеќе пред спомениците на Рацин во градот, како и на Спомен Костурницата. Поетот Илхами Емин говорејќи за поетот и револуционер  пред неговиот споменик, во центарот на Велес изрази жалење што се помалку негови почитувачи доаѓаат да  му се заблагодарат за се што стори за Македонија.

Ти, кој си поет на сите чесни работни луѓе на светот,  тоа го заслужи со својата животворна поезија, која со право треба да прозвучи на јазикот на секој народ кој се уште копнее по слобода.  Твојот општочовечки повик по силно светнатиот ден и толку години по  трагична смрт и нерасветленото убиство, продолжува да живее, не саде тука во нашата Македонија – рече Илхами Емин.

Потоа беше промовиран Алманахот од ланските Рацинови средби , каде се песните со кои настапија поетите учесници, потоа трудовите од симпозиумот. Беше отворена и изложба на грнчарски производи од минатогодишната работилница а првата вечер се одржа и  поетски митинг на кој учествуваа дваесетина поети, меѓу нив и гостите од Бугарија, Романија, Србија и Украина. Завршетокот беше со мини концерт на групата Старовски, која на нивна музика,  пее песни од македонски поети.               

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »