речник контакт

Отворени стаклените кралски градини во Лакен

Секоја пролет од 18 април до 19 мај, Кралските Оранжерии на Лакен во Белгија се отворени за јавноста. Има растенија стари и повеќе од еден век

Петар Печков

На овој начин кралското семејство ја споделува својата љубов кон цвекето со останатите грагани .Традиција е стара повеќе од 100 години.

Стаклените кралски градини на палатата во Лакен се восхитувачки. Првично замислени како оранжерии, зимската градина преставува скапоцен камен на уметноста и архитектурата од 19 век и новиот стил. Импресивните стакленици со нивните железни рамки се дом на шармантен спектар на флората,  и многу ретки видови растенија, за кои се грижат 20 градинари 24 часа .

Интересно е што некои од растенијата кои и денеска може да се видат потекнуваат  од времето на кралот Леополд втори, засадени од оргиналните колекционери уште 1887 година. Стаклените градени биле едно од омилените места во кои кралот ги пречекувал своите гости, кралеви и други благороднички достоинственици.

Монументалните павилјони, стаклените куполи, широките патеки и изобилството од цвекиња во фантастични бои се многу повеќе од  архитектонски апликации на железо, стакло и егзотични растенија. Тие се кулминација на многуте средби, писма, скици и планови разменувани  меѓу архитектот Алфонс Балат и кралот Леополд Втори .

Но, над се, тие се потсетник на белгиската архитектура и модерната уметност т.н.Арт Нув стилот чие влијание повеке од 100 години се шири низ целиот свет.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »