речник контакт

Отворени 47-те Рацинови средби

Свечено отворени 47-те Рацинови средби

Петар Печков

Рацин и Константин Миладинов делат иста животна судбина, биле предодредени да бидат легенди. Ова го истакна Ефтим Клетников на отворањето на 47-те Рацинови Средби завчера во салата Бели Мугри.

Коста Рацин и Константин Миладинов се двете наши најубави и најтрагични поетски легенди, што ја заслужија освен по поезијата и по судбината. Тие се изедначуваат меѓу себе, при што  поезијата станува судбина а судбината поезија. Рацин не ни бил свесен дека неговите ,,Бели мугри,,  ќе станата вистинско евангелие на нашата современа поезија со која тргнавме во светот како ,,поле за културен натпревар меѓу народите,, . Тој беше прво и најсветло зрно на  минатото столетие во браздата на утопистичката визија на Гоце кај нас – изјави Клетников на отворањето на Рациновите средби.

Се одржа и поетски митинг со учество на триесетина поети од Македонија, Србија, Албанија, Бугарија, Украина, Грција. Претходно вдахновена Беседа за поетот и револуционер, пред неговиот споменик во центарот на градот одржа поетесата Светлана Христова Јоциќ.

Дали сте забележале дека на насловната страница од првото издание на ,,Бели мугри,, нашиот поет името си го означил само со почетната буква К! Поетот испишувајќи ја првата буква од сопственото име, како да има единствена цел, само да покаже дека тој Коста е  на Раца неговата муза. И за сите да знаат дека настапило времето на владеењето на најмоќното царство, на љубовта, а срцето е окупирана земја или пак се предало - говореше Светлана Христова Јоциќ за делото на Кочо Солев Рацин.

Првиот ден од манифестацијата беше промовирана и поетската книга ,,Елегии за тебе, Реквием за Рацин,, од академик Матеја Матевски. Вечер  бе доделени и наградите Рациновото признание за Братислав Ташковски за делото ,,Кафез на гревови,, и Почесното Рациново признание за  проф. Жана Ангеловска за нејзиниот придонес за афирмацијата на македонското творештво во Франција.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »