речник контакт

Отворено кариерно катче во ОУ „Блаже Конески‘‘

Во ОУ „Блаже Конески“ во Велес свечено беше отворено кариерното катче за учениците од ова училиште.

Петар Печков


Просторот го пуштија во функција Небојша Мојсоски директор за проекти на основното образование на УСАИД и Андо Николов директор на ОУ „Блаже Конески‘‘. Целта е со него да се збогати кариерното образование со информации и материјали за наставниците и учениците.

Ова е едно од шесте кериерни катчиња за основни училишта кои УСАИД ги пилотира во неколку општини во Македонија за да им помогне на учениците да станат свесни за односите помеѓу училиштето и вработувањето како и за релевантноста на своето учење, истакна Небојша Мојсоски.

Кариерното образование им помага на учениците да стигнат до својата идеална работа, да научат за различните можности за кариера, но и како да се однесуваат на нивни лични интереси, силни и слаби страни.

УСАИД во ова опремувањето на просторијата вложи 5 илјади американски долари кои биле искористени за набавка на опрема, мебел, компјутери, лцд телевизор и други материјали, како и обука на наставниците кои ќе работат во него. Од УСАИД истакнуваат дека се многу задоволни од тоа како е направено кариерното катче во ова велешко училиште, а кое ќе биде вистински пример за останатите училишта

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »