речник контакт

Отворен Дом за пензионери и млади во Отовица (фото)

Наменет за пензионерите и нивните внуци од село Отовица но и од околните села

Петар Печков

Некогашното матично, во селото Отовица од денес е Дом за пензионери и  млади. Тоа била општинска зграда, која постоела до 1962 година и  од тогаш  до  сега била руина. На темелите од зградата е изграден новиот објект, кој ќе биде собиралише за жителите на Отовица но и блиските соседни  села.  Домот има три простории со130 м2  квадратни корисен простор, : сала за состаноци, кујна и трпезарија.

Обејктот го реконстуриравме за рекордно време,  за еден месец. Целата обнова, сосе мебелот чини околу  20  илјади евра.  Тоа се заштедени пари од пензионерскиот Буџет. Домот нема да  биде само за пензионерите, туку и за нивните внучиња, сите заедно да го минат тука  слободното време. Околината сами хортикултурно ќе ја уредиме  - изјави Веле Алексовски претседател на општинското здружение на пензионери од Велес.

Изведувач на работите била градежната фирма    ,,Давидов инвест,, од Скопје. Таа веќе ги започнала работите на изградба на  преноќиштето кое пензионерите го градат во Богомила.  

Алексовски го најави најкрупниот нивен проект, за на есен   изгрдба на воздушна бања во село Ораовец  а до година и дом во  село Подлес.   Со тоа би се создала патека за ридски  велосипепдизам, кој  би се возел  по природа, почнувајќи од Чеплес, Папрадиште,  Долно Врановци, Ораовец, Војница, Скачинци,Подлес  па до Велес.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »