речник контакт

Отворен клон Кокичиња на Детската градинка во Градско

Може да прими 32 деца на возраст од 3 до 6 години

Петар Печков

Отворен е клон Кокичиња, кој работи во рамките  на  Детската Градинка  Димче Мирчев од Велес. Започна да работи од понеделникот и може да прими 32 деца на возраст од 3 до шест години. Уписите се во тек и тој е  наменет за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст во Општината Градско.

На младите брачни парови од населба Градско им овозможуваме новина, со која тие ќе можат да се посветат на својата работа и обврски. Некои од нив со земјоделски активности, други кои заминуваат на работа во Дрекселмаер во Кавадарци. Но нивните деца ќе бидат згрижени – изјави Жаклина Чаушевска градоначалник на општина Градско.

Опремувањето на градинката е вредно три милиони денари и е финансирано од Министерството за труд  и социјална политика.  Овој клон е во рамките на отворањето на  исти такви12 во руралните средини. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »