речник контакт

Отворен новиот супер маркет на ТУШ

ТРМР пред еден месец најави дека ТУШ во Велес ќе го отвори новиот супер маркет. И точно на денот, среда 28 април, се случи настанот. Новиот супер маркет е лоциран до бензиската на Брако, вториот маркет на ТУШ на пазариште, продолжува да работи.

Петар Печков

     Компанијата Туш во Велес  отвори нов модерен супер - маркет на површина од 2,7 илјади метри квадратни каде  на потрошувачите им понуди  15 илјади производи. Во маркетот се вработени 33 лица а инвестицијата е вредна три милиони евра. Во него  има и  игротека, аптека, цвеќарница, продавница за бела техника.

Наш план е 20 супер маркети во период од пет години во Македонија, кои ќе бидат по европска мерка за купувачите. Завршувањето на економската криза е периодот најдобар за  нови инвестиции и за вложувања. Затоа сакаме брзо да ги градиме нашите објекти во сите поголеми градови  во Македонија – изјави  Јернеј Мур директор на Туш во Македонија при отворањето на објектот. 

Новиот Туш  маркет е четврти во серијата на објекти кои работат во Македонија, по еден во Штип и Куманово и втор во Велес. Тие вкупно вработуваат 110 лица.  Словенечката групација Туш започна нивната мрежа да ја шири и во Босна и Херцеговина каде имаат 14 трговски центри и Србија каде имаат шест. Дел од прометот од првиот работен ден на Туш маркетот во Велес, како донација е наменет за децата  со посебни потреби од Основно училиште Маца Овчарова.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »