речник контакт

Отиде историјата во отпад

Кражбите на металните предмети причина имињата на загинатите велешани од II Светска Војна да ги снема. Неколку години ги нема ни имињата од споменикот на Гемиџиите

Петар Печков

Серијата кражби на метални предмети кои се случија годинава во Велес, на повеќе локации, не ја заобиколи од Спомен Коструницата на паднатие борци од НОБ. Бакарните плочи на кои беа испишани нивните имиња беа украдени за да се препродадат во отпадите. некои беа пронајдени и вратени, некои не. Сега сликата од овој историски паметник е како што гледате, голо и празно. Во страв да не се украдат и тие што останаа и тие што ги вратија, нладежните од Народниот музеј ги чуваа заклучени во објектот.

 Да потсетам дека слична судбина ги санјде и Гемиџиите - Солунсктеи атентатори, чии имиња не стоеја долго на споменикот покрај Вардар, беа крадени во повеќе наврати за сега воопшто да не бидат запишани имињата на храбрите велешани  кои ,,Се арчеа за Македонија,,.

Од локалната власт најавуваат дека ваквата состојба ќе се обидат да ја решат со поставување на имињата на борците и Гемиџиите со букви кои ќе бидт изработени од материјал кои не е атрактивен за крадците. Градоначалникот Петров смета дека на овој начин се брише поблиската и подалечната историја.

АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »