речник контакт

Откако со години се грижел за болната сопруга, мажот вчера се обидел да ја убие, па се фрлил во реката Црна

Настанот се случил во селото Шивец, кавадаречко

Петар Печков

 
Трагедија во кавадаречкото  село Шивец каде вчера претпладне,  во домот  била пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди.  Според првичните сознанија со кои располага обвинителството, повредите ги направил нејзиниот 73 годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По извршеното дело, тој заминал од куќата  и со го одземал животот фрлајќи се во водите на Црна Река.

Во Црна Река кај село Шивец, кавадаречко, било пронајдено удавено лице.При увидот било утврдено дека се работи за лицето Г.М.(74) од село Шивец, а на телото не биле пронајдени траги на насилство. По преземени мерки, било констатирано дека, претходно, во семејниот дом Г.М., по вербална расправија, со остар и тврд предмет ја нападнал неговата сопруга М.М.(84), по што заминал од дома- информиаше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.  

За настанот информираше и ОЈО Кавадарци.
 
Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот. Сопругата е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување - соопштија до ОЈО Кавадарци.

Јавниот обвинител  издал наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место, папиларни линии  и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »