речник контакт

Откриена нова група дрвокрадци на Мукос

Прилепчани продолжуваат да ја сечат шумата кај Степанци

Петар Печков

Средата, во близина на селото Степанци, на планината  Мукос откриена е  нова група на дрокрадци. Како и претходните неколку акции и овој  пат тоа се прилепчани. Во оваа група биле четири лица на возраст од 19 до 35 години.  Во  заедничка акција на велешката полиција, шумската  полиција, вработени од   ШС  Бабуна, лицата се откриени во подрачјето викано ,,Црница,, атар на селото Степанци.   Тие исекле 10 м3 дрво.

Лицата се лишени од слобода и од нив одземени се 10 метри просторни сурови дабови огревни дрва, два патнички автомобила , една моторна пила, рачна количка и други предмети. Одземените предмети и целосната документација се предадени на Шумска полиција , заради понатамошно преземање дејствија и процесирање на соодветен поднесок - изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес. 

Од велешката полиција нагласуваат дека  континуирано спроведуваат  превентивни активности- трибини, советодавни групи со граѓани и едукативни работилници на тема „превенција од бесправна сеча на шумите“ , во соработка со ЈП Македонски Шуми и Шумска полиција. Најавуваат дека во иднина интензивно ќе спроведува вакви и слични контроли се со цел сузбивање на оваа појава и зачувување на шумите .

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »