речник контакт

Откриена тричлена група крадци од Штип кои ,,работела,, во Велес

Ограбувале месарници и дуќани, најчесто пари

Петар Печков

Тројца млади штипјани велешката полиција ги осомничи дека  се сторители на девет тешки кражби, кои ги извеле есента минатата година.   СВР Велес  до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе Кривична пријава против лицата А.М. (21), М.А.(20) и Л.А.(19) сите од Штип,  кои се осомничени за сторени девет кривични дела „Тешки кражби“.

Во текот на втората половина на минатата година на територија на град Велес се извршени девет тешки кражби во месарници и трговски дуќани. По извршените криминалистичко-технички обработки на местата на кои се извршени споменатите кривични дела и обезбедувањето на доказниот материјал, како и  по континуираните оперативните активности се утврди дека, можни сторители се споменатите лица.  Групата беше следена подолг временски период и откако се прибраа доволен број на сознанија и докази за сторените дела, им се поднесе Кривична пријава. Се работи за искусна криминална група која има извршено повеќе кривични дела, не само во Штип, туку и во околните градови – изјавија од СВР Велес.  

Во сите кражби тројцата сторители од ограбените продавници,  одзеле најчесто пари а помалку стока. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »