Петар Печков
Објавено: недела, 18 мај 2014
Новиот вид на растение, Rinorea niccolifera, со механизам кој се'уште не е разјаснет, акумулира до 18.000 ppm метал во своите лисја, без да се отруе.Овој нов вид на растение е пронајден на островот Лузан на ФИлипините, област каде што почвата е богата со метал.
Способноста на таложењето на ваква голема количина на никел е исклучително ретка во светот на растенијата - засега се познати само 450 растенија од целиот свет кои ја имаат оваа способност.
Дури и во области богати со никел, помалку од 1% од растенијата ја имаат оваа способност.Растението е интересно не само во научна смисла, туку и поради тоа што има практична намена. Би можело да се искористи за еколошки цели за прочистување на почвата загадена со метал.
Исто така, би можела да се користи за комерцијални цели со што би можело да се поттикне „зеленото рударство“, каде што со помош на растенијата од земјата да се извлечат металите.
Tweet |