речник контакт

Откриен напаѓачот кој на ученик му зари нож во грб

Причината е зошто другарот на нападнатиот го пријавил во полиција за друго насилство.

Петар Печков

Полицијата го фати  и идентификува напаѓачот кој завчера со нож прободе ученик во велешкото средно училиште Коле Неделковски. СВР Велес против  Б.А. ( 17 год) од селото Горно јаболчиште поднесе кривична пријава за насилство, откако тој бил препознаен од повреденото дете но и снимен од безбедносните камери во училиштето.

Причина за нападот бил што повредениот ученик С.Ј. ( 17 год) од селото Каратманово стоел со другар, кој на 30-ти ноември лани бил нападнат од Б.А. за што бил пријавен во полиција и против него имало прекршочна пријава во велешкиот суд. Незадоволен што бил пријавен, Б.А. се нафрлил врз ученикот со навредливи зборови, а бидејќи му попречило присуството на С.Ј. во еден момент го прашал ,,шо гледаш бе ти,, извадил нож и му го зарил во грбот.

Среќна околност е  што нема повреди на виталните органи и ученикот е пуштен на домашно лекување.

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »