речник контакт

Откупот на тутунот привршува, тутунарите задоволни

Сокотаб и Секи во велешко имаат откупено околу 700 тони тутун

Петар Печков

Во Велешко привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Иако законскиот рок е до 15 март, најголем дел од тутунопроизводителите го предадоа тутунот.

Од Сокотаб  досега во велешко откупила 580 тони со просечна цена од 215 денари по килограм. Од Секи откупени се 110 тони и идентична просечна цена додека Алијанс е познато дека во откупен центар Иванковци има  откупено 87 тони со просечна цена од 205 денари, нема податоци за Чашка и Велес.   

Тутунарите се задоволни од откуп на тутунот, цената и проценките и немаат забелешки. Годинава во велешко имаше склучено 1,2 илјади договори за откуп на тутун.  

На ниво на Македонија до минатата седмица   постигната е просечна откупна цена од 214 денари за килограм. Вредноста на откупеното е скоро 60 милиони евра, а исплатата се врши според договорите на кооперантите со монополите. Досега се преземени повеќе од 21.000 од предвидените 23.000 тони.

АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »