речник контакт

Откупот на тутунот продолжи, Инспекторатот за земјоделие ветил дека проблемот на тутунарите ќе се реши

Не се повлекуваат претставниците од откупните пунктови, по ветувањето дека проблемот со упис на новиот претседател во Централен регистер ќе биде решен

Петар Печков

Тутунарите  најавеното повлекување на нивните претставници од откупните пунктови го одложија и откупот на тутунот денес продолжи. Ова доаѓа по најавите дека надлежните  ветиле оти  проблемот кои го имаат тутунопроизводителите ќе биде решен.

 Утрово добивме допис од Државен инспекторат за земјоделие со кое тие ветуваат дека проблемот ќе биде решен. Побараа да не ги повлекуваме нашите претставници од откупните пунктови, за тој да продолжи, на што одговоривме позитивно. Ние им веруваме дека ќе го решат проблемот останува во пракса тоа тие да го покажат - велат од Сојузот на Здруженија на тутунопроизводители.  

Причината за нивното незадоволство е што Централниот регистар не го прифаќа Ванчо Коцев од Неготино,  како ново избрани претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите, одлуката на Вонредното  Собрание одржано на 10-ти декември минатата година.   Централниот регистер ги отфрлил одлуките  на Вонредното собрание оти немале доказ за утврдување на фактот дали иницијаторите  имале легитимитет, поточно дало Вонредното Собрание било свикано од една третина на членовите на Собранието.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »