речник контакт

Отстранети дивите тезги околу Мало мовче

Грдата слика околу споменикот на Гемиџиите и на приодот за Мало мовче повеќе ја нема

Петар Печков

Грдата слика околу споменикот на  Гемиџиите и на приодот за Мало мовче повеќе ја нема. Откако беа отстрани од улицата Петре Прличко поради новиот сообраќаен режим, дивите тезги се поставија на просторот околу споменикот на  Гемиџиите и Мало мовче.

Така приодот беше окупиран а на споменикот на  славните велешани кои се арчеа за Македонија,  имаше спрострено  долен веш. 

На овој начин тезгаџиите ги рекламираа своите производи. По реакцијата на надлежната комунална инспекција при локалната власт заедно со полицијата овие тезги се отстраните.

Сега улицата Петре Прличко од Стар мост до Автобуската е чиста и проодна, исто така тротоарите  и приодот кон Мало мовче. Дел од овие продавачи сега се внатре на Пазарот а другите останаа на паркингот  спроти некогашен ТУШ.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »