речник контакт

Отфрлени кривичните за деветте сообраќајци - полицајци

Обвинителството смета дека делата за кои се сомничат, не ги казнувале возачите, може да биде предмет само на дисциплинска постапка во рамките на МВР а не кривично да се гонат

Петар Печков

Јавното обвинителство од Велес ги отфрли деветте кривични пријави поднесени против исто толку сообраќајци полицајци од полициската станица Велес,  кои се  товареа дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања. Внатрешната контрола на МВР бараше  овие лица да бидат казнети, оти не ги казнувале учесниците во сообраќајните незгоди.

Со образложение дека делата за кои беа осомничени можат да бидат предмет само на дисциплинска постапка во МВР, но не и кривично да бидат гонети, обвинителството ги отфрли пријавите. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди  при МВР поднесе  девет кривични пријави против деветмина велешани И.А.(47), С.А.(51), С.М.(51), З.Т.(39), Т.А.(40), Б.Ѓ.(45), З.Џ.( 37),Ѓ.Р. ((41) и М.Л.(43)  сите   полицајци сообраќајци.

Според МВР  пријавените  во периодот од април 2008 до јули 2009 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, постапувале спротивно на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.   Тие се товареа дека делото го сториле со неизвршување на своите работни обврски, со непревземање на службени дејствија што биле должни да го сторат, поради што во вкупно 143 случени сообраќајни незгоди постапиле спротивно на Законот.

Внатрешната контрола сметаше дека полицајците сообраќајци  биле должни да извршат увид на лице место, а за констатираните прекршоци против прекршителите да поднесат соодветни поднесоци,прекршочна или кривична.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »