речник контакт

Офицерската фамилија Миклош, од Велес

Јаким, Ненад и Бојан својата работна обврска и дел од животот го посветија на армијата

Петар Печков

Три генерации од  офицерската фамилија Миклош - Јаким, Ненад и Бојан, со години  и децении  вложува во армијата во различни периоди од нејзиното  постоење. 

Доаѓајќи од рамната Војводина, од околината на Врбас, по завршувањето на военото образование, Јаким Миклош животниот пат го продолжува во август 1964-та  Велес, во тукашната касарна  во санитет. Освен работата тука оформува семејство, а за животен сопатник ја зема велешанката Лила Виларова. 

Највозрасниот член на фамилијата Миклош, Јаким  подолг период е во пензија како мајор во санитетската служба, чувствува голема гордост што неговото потомство продолжува по неговите стапки. Се сеќава на неговите први армиски денови.

Работев во касарната која беше на просторот каде сега е Младински парк, новиот театар и училиштето Блаже Конески.  Тогаш беше започната да се гради новата касарна, ја градеше градежната фирма Рајко Митровиќ. Кога се вселувавме во новата касарна таму уште се наоѓаа Противпожарната бригада а блиску до нае и фабриката за бонбони Јагода, чии што простории и денес постојат во кругот на касарната, само што се реновирани и се користат како работилница за моторни возила - кажа за ТрМр Јаким. 

Полковник Ненад Миклош, постариот син   на Јаким е во редовите на армијата е од своето формирање и во моментот извршува должност во генералштабот. Toj може целосно да се гордее со синот Бојан.

Најмладиот старешина член на ова семејство од Велес, Бојан Миклош, кој беше најдобриот питомец во својата 18-та класа со просек 9,91, ја отпочна својата кариера како потпоручник и допрва ќе го покаже својот потенцијал како НАТО старешина. Како што и самиот има истакнато на промоцијата, ќе се носи смело и одговорно со своите војнички предизвици.

фото и дел од текстот порталот на   Армијата на Северна Македонија

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »