речник контакт

Очекувана разрешница, Киро Ќучук во стечај

Поради неликвидност на фирмата се отвори стечајна постапка, стечаен управник Ацо Петров. Долгот кон УЈП 6 милиони евра

Петар Печков

АД Киро и Ќучук отиде во стечај оти има блокирана жиро сметка повеќе од 45 дена. Ова е одлуката на стечајниот судија а по барање на Министерството за финансии Управа за јавни приходи.  Некогашниот индустриски гигант  на државата и должи 360 милиони денари за даноци а на листата на доверители се и Фондовите за ПИОМ и здравство. За стечаен  управник е именуван досегашниот привремен Ацо петров.  Фабриката која некогаш вработуваше 800 лица, во стечај замина  со 53 вработени.

Поголемиот дел од движниот и недвижен имот е оптоварен,ставен под хипотека. Со изнесените податоци се согласи и директорот Киро Камчев, кој присуствуваше на  седницата. Собранието на доверители, до кога доверителите треба да ги достават нивните побарувања е закажан за 23 април годинава.

Во изминатите години, АД Киро Ќучук во последен момент се спасуваше од стечај, иако имаше барања од различни доверители. Поради неликвидноста и неплаќањето на давачките државата му ги одзеде и петте концесии за работа со земја а ЕВН –ЕСМ го исклучи од снабдувањето со струја поради милионски долгови.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »