речник контакт

Падна бројот на згрижени пациенти во велешка болница на лица со проблеми од ковид-19

Денес нема ново заразени ниту оздравени лица со корона вирусот

Петар Печков

Нема промени во здравствениот билтен, на состојбата со ковид-19 во велешко. Нема ново заразени, нема оздравени и натаму активни се два случаи, според податоците на Институтот за јавно здравје.

Опаѓа бројот на лица кои се згрижени во велешка Болница, претпладнево ги има шест .Од  нив еден е потврден позитивен и пет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.

На кислородна поддршка се тројца пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен со  еден негативен тест. На Инфективно одделение се двајца а на Интерно четворица пациенти.  

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »