Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 јули 2013
Многу конфликтни ситуации и кај докторите и кај аптеките имало во претпладнево, на почетокот од работата на електронскиот систем на издавање на рецепти и лекови, кога паднал системот на електронско здравство во Македонија.
Тоа се почувствувало на територијата на целата земја при издавањето на рецептите кога на нив не се појавувал бројот, кодот кој електронски го издава Министерството за здравство. Без него аптеките не ги прифаќале рецептите и не ги издавале лековите. Најмногу го почувствувале дијабетичарите кои не биле во можност да ги подигнат потребните лекови метформин и глибедал, па аптеките не ги издавале.
Во земјава има програмерски куќи кои не можат софтверски да се усогласат со системот на Министерството за здравство, со електронското здравство па заради тоа се случи пад на здравствениот системот во Македонија. Заради тоа имавме ситуација кога докторите не знаеја како да работат, аптеките не издаваа рецепти а пациентите не можеа да си подигнат за нив итно потребен лек. Здружението на приватни лекари на Македонија апелира за трпение од сите, да го помогнеме новото електронско здравство. Од овие причини бараме летово овој проект да биде пробен пилот проект, додека сите не добијат техничко упатство сите да работиме унифицирано, за да не паѓа системот – вели д-р Лили Чолакова Дервишова претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.
Според неа овој пад не е поврзан со електронските здравствени картички, бидејќи нивните пресметки 1,2 милион жители немаат електронски здравствени картички. За овој проблем се разговарало на состанок на УО на Здружението на приватни лекари се разгледувал стартот на електронскиот рецепт и упатување. Затоа тие бараат одлагање, да нема казни за докторите а во интерес на пациентите.
Tweet |