речник контакт

Панко Брашнар ќе се врати дома, откако ќе се докаже дека е тој

ДНК анализата треба да покаже дали и каде почива Панко Брашнаров

Петар Печков

 Посмртните останки на Панко Брашнар, првиот претседавач на АСНОМ ќе се вратат во родниот Велес откако научно ќе се докаже дека  тие се негови. Со сигурност е познато дека посмртните останки на Панко Брашнаров се некаде на гробиштата во Мирогој, Загреб, меѓутоа каде точно,  одговор  треба да даде ДНК анализата.  Ова откако минатата есен беше објавено дека неговиот гроб е во Загреб. 

  Се работи за до крај недовршена постапка, бидејќи таму има масовна гробница и за да се идентификуваат неговите останки потребна е  идентификација со ДНК анализа. Тоа е постапка која подолго трае време. Сигурно е дека ние како локална власт, општина Велес,  ќе поставиме спомен плоча таму каде се неговите останки.  Како натаму  ќе се одвиваат работите, дали ќе бидат пренесени, вратени, зависи и од Република Хрватска. Не може временски да се ограничи ниту да се прецизира колку ќе трае овој процес и како ќе заврши. Додека не се утврди конечна идентификација на Брашнаров, не може ништо да се прецизира. За почеток е побрана дозвола за идентификација на останките на Брашнаров - рече Горан Петров градоначалник на Велес.

Тие не се обратиле до роднините на семејството, но очекуваат дека нема да има проблеми со обезбедување на ДНК материјал, врз основа на кој во Загреб ќе се изврши идентификацијата.  Минатата есен, авторите Александар Кукулев и Владимир Тевчев, во прилог на емисијата ,,КОД,, тврдеа дека го пронашле гробот на Панко Брашнар , кој според нив почива на гробиштата Мирогој во Загреб Хрватска.

Панко Брашнаров (познат и како Панко Брашнар) (9 август 1883  - 13 јули 1951) бил македонски комунист, член на првиот Централен комитет на ВМРО (Обединета) и потпретседател на Президиумот на АСНОМ. Поради поддршка на Резолуцијата на Информбирото е уапсен и испратен на Голи Оток, каде набрзо умира како најстариот затвореник по основа на Информбирото

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »