речник контакт

Пановски пак кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за Чашка, во Лозово дури тројца независни

Почна да се пополнува мозаикот за претстојните локални избори

Петар Печков

Владеачката ВМРО-ДПМНЕ  го  ,,скрши мразот,, во велешко и на неколку дена од истекот на рокот  го исфрли првиот нивен кандидат за овој регион. Во Чашка е одлучено досегашниот градоначалник Горанчо Пановски да бара втор мандат. Таму веќе ги собра потписите и како независен ќе учествува и Дејан Ангеловски.

Во општина Лозов пак дури тројца независни кандидати ги собраа потписите: Трајче Георгиевски, Слободан Јовановски и Горанче Велков а има и пет независни листи за советници. Затоа пак во Велес, Лозово и Градско уште немаат кандидати од владеачката партија.

Во ОИК изјавија дека до денес немаат ниту една официјална кандидатура поднесено до нив од страна на партиите. Последниот рок е  сабота на полноќ.  Опозицијата  иако нивниот кандидат за Велeс, Аце коцевски го обелодени уште во јуни лани, најавуваат бојкот на локалните избори.

АНКЕТА »

Дали учениците од 1-ви септември треба да тргнат на настава во училиште?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »