речник контакт

Панче Жежевски, работам како стилист во Црна Гора

Останувам во историјата на Велес, како прв независен кандидат за градоначалник

Петар Печков

Деновиве во родниот Велес престојува Панче Жежевски. Тој неколку години веќе не е дел од живеењето во  градот. Замина да работи во Црна Гора. Ова интервју е осврт на неговиот  моментален живот, но и осврт на тоа што остави зад себе во политиката.

Ве нема подолго време во Велес, каде сте?

Две години сум во Монтенегро, во Жабљак, во подножјето на Дурмитор, во еден прекрасен град, каде има чист воздух и здрава храна. Нешто што не може да се купува за пари.  

Што работите таму?

Случајно стапив во контакт со колешка, која ме покани кај неа. Заминав за кратко за викенд, а останав подолго. Бев прифатен многу коректно, професионално. Нејзе и требаше помошник во работата, во фризерството, маникерството, медицината, козметиката и педикерството. Има прекрасен салон, каде работиме исклучиво со странци. Салонот е ,,Кока,, по колешката Ковиљка.  Жабјак е познат планински и скијачки центар. Доаѓаат Руси, Украинци.

Дали си задоволен со тоа што го работиш?

Презадоволен сум, работата ме исполнува. Има здрава околина. Таму сум вистински мајстор на својот занает, почитуван и прифатен.  Да не се фалам, доста сум ценет, одлично платен. Осум часа неделно држам предавања на Приватна Академија во Подгорица, со пријател со кого се запознав пред осум  години на Светско првенство во Бугарија. Тој ме покани и ангажира  и сега учам млади лица на овие занаети, фризер, козметика, педикир, маникир. Или кратко стилисти.

Останувате таму и во наредниот период?

Имам обврска кон колешката, која ме прифати кога ми беше најтешко .И без  бугарски пасош, успеав во друга држава.  Ако си добар мајстор, секаде вратата ќе биде отворена. Ние како Македонци сме одлично примени секаде. Таму се чувствувам како дома, немам отуѓеност. Клиентите ме ценат, ме почитуваат. 

Ви недостига ли Велес?

Јас сум роден тука, го сакам и почитуван. Бев вклучен во општествено политичкиот живот, во еснафскиот живот, во чаршискиот живо. Не можам да  го заборавам.  Јас не си отидов од Велес, за  да не се вратам. Каде и да одам, ги носам спомените, го промовиран Велес.  И не сум на крајот од светот, за пет часа сум тука. Јас сум негов амбасадор во Жабљак. Таму жените се обидуваат да направат ајвар ама не оди. Сакаат и пити, но не успеваат. Знаат за овие наши специјалитети.  

Каков е Вашиот работен  статус моментално?

Јас сум  пензионер една година. Лани наполнив 64 и сега ја трошам пензијата која цел живот неуморно работејќи ја заслужив. Не се жалам дека ми е мала. Благодарен сум што добив сигурност, сатисфакција на мојот живот.  Имам иновации во козметиката, фризерството, медицината па преку иноваторско ќе аплицирам да направам некој погон, за да живеат и други семејства.

Бевте дел од политичкиот живот во Велес во плурална Македонија. Како гледате на тоа искуство по толку години?

Не жалам што дадов труд и  мој максимум во политиката. Направија прикаски за мене. Така се  направија и песна за мене. Од  Коктел бенд, од  што сум презадоволен. На некој начин  јас влегов во историјата на Велес. Јас сум прв независен кандидат за градоначалник  на Велес. Тоа е историја и не може да  се менува. Така моето име останува запишано.  Ќе се каже дека Панче Жежевски беше првиот независен  кандидат за градоначалник на Велес. Се залагав и сакав нешто да запазам, да зачувам, да остане. Се залагав за социјалистичко општество. И сега кога разговарам со луѓето, ми велат Панче беше во право. Бев во право, ама сега има невработеност, од стресови луѓето починаа

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »